ВИДЕО | Расистички скандал: Енцо Фернандез пееше навредлива песна за Французите – ги налути и соиграчите во Челси
Репрезентацијата на Аргентина ја освои Копа Америка откако во финалето „Гаучосите“ беа подобри од Колумбија, а по овој натпревар во центарот на вниманието се најде Енцо Фернандез.
Препорачано
Фудбалерот на Челси беше снимен како пее расистичка песна поврзана со француската репрезентација.
На социјалните мрежи Фернандез го објави видеото со кое предизвика реакции.
„Играат за Франција, но родителите им се од Ангола. Нивната мајка е од Камерун, татковците од Нигерија, а на пасошот им пишува Франција“, гласеше песната која ја пееја Аргентинците.
По објавувањето реакции имаше и од фудбалери со кои Фернандез ја дели соблекувалната во Челси. Јавно се огласи Весли Фофана кој го објави видеото на Фернандез и напиша:
„Фудбалот во 2024. Безгрижен расизам“, стои во неговата објава.
Подоцна Фернандез се обиде да се „оправда“, меѓутоа ќе видиме какви ќе бидат реакциите кога ќе се врати во редовите на „сините“ по одморот.
Le football en 2024 : racisme décomplexé ??♂️??♂️??♂️ pic.twitter.com/MGkH5wPmNU
— Wesley Fofana (@Wesley_Fofana3) July 16, 2024


