ВИДЕО | Рамчиловиќ: Не се отвораат вести од сите медиуми, кај некои насловот е еден а содржината друго

Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник / Утрински брифинг
Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник / Утрински брифинг

И пратениците се плашат да не бидат објавени во медиумите како што не е во ред, оти тешко се чисти образот ако те стават насловна страница со лажна вест. Некако стана популарно да се бараат сандали и онаму каде што ги нема. За жал има медиуми кои прават негативна перцепција за пратениците иако и ние пратениците знаеме сами да им влеземе в уста на медиумите, вели Зеќир Рамчиловиќ, независен пратеник, за Утрински брифинг.

-Сѐ зависи од самиот пратеник. Но, во борба за дневнополитички поени и додворување на лидерот често се кажуваат неубави зборови и клевети. Од друга страна, не може да се обвинат новинарите што ги пренесуваат тие работи, вели Рамчиловиќ.

Тој коментира дека има сива зона во медиумите. Младите на пример се информираат преку социјалните мрежи, вели Рамчиловиќ, па некој портал со нарачана вест од политичка моќ ќе се појави на мрежите и веста ќе се прошири.

Според Рамчиловиќ, добра е иницијативата за една изборна заедница затоа што така во парламентот би биле застапени и помалите заедници.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот