ВИДЕO | Радев: Членството на Северна Македонија во ЕУ е исклучително важно, но мора да има јасни гаранции

Румен Радев/ Фото: МИА

Пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ е исклучително важно за нашиот регион и Бугарија секогаш го поддржувала. Сепак, Бугарија мора да има јасни гаранции дека единството на бугарската нација и нашето културно-историско наследство никогаш нема да биде под знак прашалник од надворешни фактори. Како одговорна членка на Европската Унија, не можеме и не треба да дозволиме да внесеме нови нерешени проблеми во Унијата.

Ова на својот фесјбук-профил го објави бугарскиот претседател Румен Радев.

-Не можеме, стои во објавата, да дадеме европски легитимитет на омразата на Бугарија. Три години по потпишувањето на Договорот за пријателство, соседство и соработка со Република Северна Македонија, за жал продолжуваме да сведочиме на навредливи и недозволиви зборови за Бугарија- вели Радев.

Очекува бугарската Влада да се избори во членот 35 од преговарачката рамка за Република Северна Македонија да ја вклучи националната рамковна позиција усвоена едногласно од Народното собрание пред една година.

-Сепак, наведува, ова изгледа сè поневеројатно и има еден исход – одложување на преговорите до чист законски обврзувачки билатерален договор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за расчистување на сите билатерални прашања- вели Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот