ВИДЕО: ПСЖ тешко игра без Меси и Нејмар, но затоа тука е Мбапе

Килијан Мбапе најзаслужен за деветтиот триумф на ПСЖ сезонава во „Лига 1“/Париз, Франција/15 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Денеска во рамките од 10 коло во најсилното француско првенство потешко од очекувањата ПСЖ на домашен терен го совлада Анже со 2:1.

Во редовите на парискиот клуб не настапија Лионел Меси и Нејмар поради репрезентативните обврски во квалификациите за Светското првенство.

Нивното отсуство дефинитивно се чувствуваше на вечерашната средба, а по првите 45 минути домаќините имаа негатива. Фулгини после асистенцијата на Буфал во 36 минута им донесе изненадувачко водство на гостите.

Анже во вториот дел не ја задржа предноста и пропушти шанса со триумф да се искачи на второто место во генералниот пласман.

Најпрвин израмни Данило во 69 минута, а асистентот на тој погодок Мбапе стрелаше од пенал во 87 минута за поставување на конечниот епилог.

Ова е деветти триумф за составот на Покетино за прво место на табелата во „Лига 1“ со 27 бодови, девет повеќе од второпласираниот Ленс кој својот меч од оваа рунда ќе го има в недела кај Монпелје.

Голот на Мбапе не е од офсајд, но УЕФА ќе ги менува правилата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот