Голот на Мбапе не е од офсајд, но УЕФА ќе ги менува правилата
Голот на Килијан Мбапе во финалето од Лигата на нации помеѓу Франција и Шпанија дигна многу прашина…
Препорачано
Шефот на судиите во европската „фудбалска куќа“, Роберто Росети, рече дека не е грешка што се призна (не)спорниот гол на Мбапе, но додаде дека правилото што го дозволило тоа мора да се „подобрено“.
И тоа нема да биде единствената новина во врска со офсајдите во текот на натпреварите…
Да потсетиме, иако Мбапе беше во очигледен офсајд кога Тео Ернандес му ја испрати топката, недозволената позиција не беше досудена бидејќи Шпанецот имал контакт со топката.
Судиите на тоа гледаа како на намерен допир, кој ја „ресетираше“ играта и затоа офсајд не беше досуден.
– Главниот судија Ентони Тејлор донесе вистинска одлука, врз основа на постојните правила и официјална интерпретација. Гарсија намерно играше со топката и противничкиот играч (Мбапе) немаше никакво влијание врз играта во тој момент. Но, од друга страна овој случај покажува дека сегашната интерпретација на правилата се спротиставени со духот на тие правила, кои треба да го спречат играчот да ја искористи предноста на офсајд позицијата – вели Росети.


