ВИДЕО | Први снимки од состанокот во Абу Даби – преговорите продолжуваат утре

Трилатералните разговори меѓу САД, Украина и Русија, што се одржаа денес во Абу Даби, беа оценети како продуктивни и ќе продолжат утре, објави Ројтерс.

Оваа информација беше потврдена и од американски и од руски извори.

На социјалната мрежа Икс се појавија и првите снимки од состанокот меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби.

Соопштение од Белата куќа:

„Денешната трилатерална средба во Абу Даби меѓу САД, Украина и Русија беше продуктивна. Разговорите ќе продолжат утре“, изјави функционер на Белата куќа за американската мрежа NBC News.

Според руската државна новинска агенција ТАСС, страните се согласија и да ги продолжат
разговорите утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот