ВИДЕО: Прва изјава на Сунак како британски премиер

Риши Сунак/ Премиер на Британија/ Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Риши Сунак денеска и официјално стана нов британски премиер, откако кралот Чарлс го именуваше на должноста по прифаќањето на оставката на Лиз Трас, која на функцијата беше само 49 дена.

На средбата во Бакингемската палата, Карло го повика новиот лидер на конзервативците да формира влада.

Сунак со своите 42 години е првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло и најмладиот во повеќе од 200 години.

Тој е третиот британски премиер за помалку од два месеца. Трас си замина од функцијата како премиерка со најкраток мандат во историјата.

-На врвот на владината агенда ќе ги ставам економската стабилност и довербата, но тоа ќе значи и дека ќе се носат тешки одлуки, рече Сунак, во својот прв настап како премиер , пред неговиот кабинет на Даунинг стрит 10 во Лондон, пренесе Би-би-си.

Тој притоа им се заблагодари и на поранешните премиери Лиз Трас и Борис Џонсон и за неговата претходничка кажа дека и се восхитува на нејзината желба да ги олесни промените, но и додаде дека „беа направени некои грешки”.

-Таа не погреши од лоши намери, туку напротив. Но, таа сепак правеше грешки, изјави Сунак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот