ВИДЕО | Продолжуваат протестите во Франција против пензиската реформа

Протест во Франција против пензиските реформи / Фото EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Во Франција денеска повторно има протести и штрајкови против реформата на пензискиот систем, со зголемено полициско обезбедување поради опасност од насилство.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен изјави дека 13.000 полицајци се распоредени на улиците, од кои речиси половина во главниот град. Протестите започнаа мирно.

Новиот бран штрајкови и протести е десетти од почетокот на годинава, а денешниот протест се одржува два месеца по почетокот на социјалната мобилизација против спорниот закон.

Синдикатите ги повикаа работниците да ги напуштат работните места и да излезат на улица.

Демонстрации и насилство ја потресоа Франција и пред 16 март, кога со вонредно уставно овластување без гласање во Националното собрание беа усвоени контроверзните реформи за одложување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Премиерката на Франција, Елизабет Борн изјави дека не се откажува од реформата на пензискиот систем. з

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот