ВИДЕО: Прерано почна да ја слави победата, на крајот заврши како трет!

Фото: news.sky.com

Една неверојатна ситуација се случи на трка со мотори во Бразил. Андре Верисимо беше најблиску до целта, прерано започна да слави, но на крајот заврши на третата позиција.

Верисимо беше сигурен дека ќе триумфира и дека сè е решено, па затоа тој успори за да може да се искачи на седиштето со нозете и со тоа да го прослави триумфот.

Но, неговите конкуренти Освалдо Фиљо и Марсело Скаф не беа толку далеку колку што мислеше нивниот ривал, па успеаја да го престигнат.

Верисимо заврши како трет, а на видеото може да се види како тој изразува шок и лутина со своите гестови поради сопствената глупост.

За негова утеха, но и делумно оправдување, Верисимо го освои првото место и титулата уште пред оваа трка, но сигурно научи една многу добра лекција..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот