ВИДЕО: Прегазени демонстранти во Њујорк, жена влетала со автомобил

Шест пешаци биле прегазени од автомобил за време на сообраќајниот метеж на прометната раскрсница во Њујорк, соопшти полицијата.

Американските медиуми пренесуваат дека на лице место дошле екипи на Брза помош и на полиција. Според информациите, со возилото управувала жена, а таа е уапсена.

Во моментот кога се случил инцидентот група од околу 40-50 демонстранти на раскрсницата на Менхетен протестирале на аголот од источната 39-та улица и третата авенија во ридот Мареј, објави а Ен-Би-Си.

Иако неколкумина од повредените завршиле и во болница ниту еден не е во животна опасност.

Демонстрантка која маршираше со групата рече дека протестот е организиран во знак на солидарност за штрајкот со глад во затворот во округот Берген во Њу Џерси.

Ова е втор ваков инцидент денес.

ВИДЕО: Автомобил влета во група пешаци во Лондон: Неколку лица сериозно повредени

Пред неколку дена исто така е забележано влетување на автомобил во Трир, кога возач со полна брзина влетал меѓу граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот