ВИДЕО: Пожар пеплоса штандови за книги во Тетово, граѓаните солидарни, гасеа со кофи и изнесуваа книги

Фото: Слободен печат

Пламени јазици за миг проголтаа штандови каде се продаваа книги лоцирани пред Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Во пожарот кој избувна околу 16.50 часот изгореа неколку штандови, но со брза интервенција на случајни минувачи, како и вработени од околните трговски и угостителски објекти, беа спасени неколку штанда како и книгите во нив.

„Не знам што се случи, ми се јавија и ми рекоа дека гори. Имам штета над 10.000 евра сигурно, а може и повеќе. Нешто спасивме, тука се продаваа книги и плус материјалот што е уништен, голема е штетата. Причината навистина не знам која е“, ни изјави сопственикот на штандовите.

На фотографиите се гледа дека граѓаните несебично помагаат да се угаси пожарот со кофи со вода, а дел од тетовци ги изнесуваа книгите од штандовите.

Фото: Слободен печат

Екипа на Протипожарната единица Тетово на лице место пристигна за кратко. Со нивна интервенција пожарот целосно беше локализиран за половина час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот