ВИДЕО | Погледнете го новиот спот на Били Ајлиш: Пејачката се збогуваше со широката облека

Profimedia
Фото: Профимедиа

Били Ајлиш штотуку ја имаше премиерата на својот нов спот за песната „Lost Cause“ и обожавателите не се сигурни дали се повеќе воодушевени од самиот сингл или придружното видео.

За разлика од претходните изданија, промената е очигледна – Били во огромна вила сензуално игра со еден куп свои пријатели и пее за момче кое некогаш ѝ се допаѓало, пред да сфати дека станува збор за „изгубен случај“.

Таа се ослободи од широката гардероба и на видеото е облечена во мини шорцеви и долна облека, па се чини дека ужива во животот и го живее „со полни гради“.

Песната собра скоро дванаесет милиони прегледи на ЈуТјуб за помалку од 24 часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот