ВИДЕО | Петар Грашо: Поминувам повеќе време со ќерката од некои татковци кои работат на брод

Фото: Промо

Хрватскиот пејач Петар Грашо кој на 26 и на 27 април ќе одржи концерти во Скопје, вели дека минатата година имал 127 настапи.

– Со мојот бенд тргнавме да броиме колку пати сме се качиле на сцената, било за концерти или емисии или хуманитарни настапи. Сме се качиле на сцената 127 пати за една година – раскажа Грашо во првиот дел од емисијата „Еден на Еден“ која ќе се емитува в недела на Канал 5 од 18.30.

На прашањето на Жаре, колку родителството го сменило, откако му се роди ќерката Алба и колку настапите сега ги прилагодува спрема неа, Грашо вели:

– Професијата е професија. Кога се роди ќерката, јас сите концерти ги објавував на Фејсбук, на Инстаграм, па некој коментираше: „Дали овој човек е некогаш дома? Како тоа тој може да работи, зошто не е повеќе со ќерката?“ Јас поминувам многу време со ќерката, но сигурно дека повеќе време со ќерките поминуваат некои татковци кои работат од 8 до 2 во некоја фирма. Но, од друга страна, поминувам повеќе време од некој татко кој е шест месеци на брод. Добро е што е мала и што може да оди со мене. На многу концерти беше, помина низ многу градови на Европа – рече Грашо.

Видеото во продолжение најавува мал дел од разгворот со пејачот кој ѝ е омилен на македонската публика.

 

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот