ВИДЕО | Пешевска бара одговорност за говорот на омраза и сексистичките навреди од „Балистите“

Најостро го осудуваме инцидентот во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти’’. Во нивното објавено видео се слушаат извици со етнички и сексуални навреди кои се повеќепати извикувани. Со ваквиот однос се забележува и говор на омраза од страна на навивачката група Балисти по повод 30-годишен јубилеј, реагира пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска.

За овој скандалозен инцидент не слушнавме никаква реакција од страна на надлежните институции, од МВР и ги повикуваме веднаш најостро да го осудат и да го санкционираат овој чин со кој се шири говор на омраза и сексизам. Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии, меѓународните организации за заштита на човековите права, женските организации како и Клубот на пратенички во собранието најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Ова не е прв инцидент на навивачи од оваа навивачка група, пред само четири години ваквиот начин на ширење на меѓуетнички тензии заврши и со физички напади – вели Пешевска.

Според неа, власта наместо да толерира, а со тоа и да одобрува вакви инциденти, најитно да преземе превентивни мерки, а за навредливите скандирања и говорот на омраза, потребно е од страна на Обвинителство да се прецизира кривичното дело и да се покренат адекватни постапки за лицата учесници во случајот.

Пешевска истакна дека поаѓајќи од демократските принципи на меѓусебното почитување, а во насока на создавање на здраво општество во кое секој ќе се чувствува безбеден и слободен, ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова девијантно однесување.

Викендов навивачката група „Балисти“ од Тетово прослави 30 години јубилеј од своето постоење со марш низ тетовските улици и централниот плоштад. „Балистите“ марширајќи во повеќе наврати извикуваа навредливи зборови за неалбанското население кои содржеа и сексуални алузии. Тие скандираа „Каурски пи*ки!“ и извикуваа „Косово“, „Албанија“. Славеничкиот марш на „Балистите“ го обезбедуваше полиција, а тој кулминираше со огромен огномет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот