ВИДЕО: Пелистер загуби од словенечкиот Хелиос во АБА 2 лигата

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Пелистер загуби и по вторпат за краток период, денеска словенечкиот Хелиос беше убедливо подобар противник со резултат 88:70 во рамките од АБА 2 лигата.

Нема да го паметат по добро, барем резултатски гледано, кошаркарите од Битола своето второ гостување во „балонот“ на Златибор, Србија.

Актуелниот лидер на табелата во АБА 2 конкуренцијата беше подобар ривал на последниот меч. Водеше тимот од Домжале практично од првата до последната минута, и ја крајот ја потврди фаворитската улога односно лидерскиот епитет кој го задржа и по одигрувањето на ова седмо коло.

Само тројца играчи во македонската екипа завршија со двоцифрен број на реализации. Најмногу 20 од Карутерс, 17 запиша Хаџифејзовиќ, додека Карпентер застана на 15.

По седум одиграни натпревари сезонава, Пелистер сега учинок од од четири победи и три порази. Хелиос е првопласиран со максимален ефект од 14 бодови, по 13 имаат Златибор, Сутјеска и Крка Ново место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот