ВИДЕО | Пејовски: Во секој спорт за да се стане најдобар потребен е напорен тренинг и голема желба за успех

Бадминтон е игра слична на тенисот и се игра со два или четири играчи. Иако бадминтон до скоро се сметал за рекреативен тој во поново време е олимписки спорт.
-Во секој спорт да се стане најдобар треба напорно да се тренира и да се има желба. Тренирам веќе четврта година. Спортот не е толку развиен во Македонија, но јас со мојата упорност можам да успеам повеќе, изјави во Утрински брифинг Иван Пејовски, бадминтон играч.
-Моите другари се чудеа како може да постои тоа како професионален спорт, но сега сите го прифатија и ме поддржуваат. Има над 15 клубови и во машка и во женска категорија. Во бадминтонот за разлика од тенисот има многу брзи и нагли удари каде се активираат сите мускули. Спортот не е скап, но секако дека треба да се одвојат средства. Има иницијатива да се направи сала, во моментов играме во школските простории/сали, вели Пејовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот