ВИДЕО | Пејачот повторно на суд: Дали најголемиот хит на Ед Ширан е плагијат?

ед ширан џејмс корден татко bad habits
Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Британската поп-ѕвезда Ед Ширан повторно ќе биде изнесен пред суд поради тврдењата дека го копирал својот хит „Thinking Out Loud“ од песната „Let’s Get It On“ на Марвин Геј. Судијата го отфрли барањето на Ширан за отфрлање на случајот, велејќи дека поротата треба да одлучи за сличностите меѓу песните.

Овој потег доаѓа шест месеци откако Ширан, на судењето во Лондон, извојува победа во битката за авторски права на песната „Shape Of You“. Тогаш, судот во Лондон пресуди дека најголемиот хит на Ширан не е плагијат. Тужбата првично беше поднесена во 2018 година, не од семејството на Геј, туку од инвестицискиот банкар Дејвид Пулман и компанијата што купи дел од имотот на коавторот на „Let’s Get It On“, Ед Таунсенд.

Барајќи отштета од 100 милиони долари (90 милиони фунти), тие тврдат дека Ширан и коавторката Ејми Веџ ја „копирале и искористиле, без одобрение или заслуга“ песната на Марвин Геј, „вклучувајќи, но не ограничувајќи се на мелодијата, ритмите, хармонијата, тапаните, бас-линијата, придружниот рефрен, темпо, синкопа и лупинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот