ВИДЕО: Паѓаат глави во Авганистан – овој пат на Талибанците им пречат куклите од излозите

кукли Авганистан
Падна наредба од Талибанците да им се исечат главите на куклите/Фото: Скриншот/Твитер

Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат на локалните сопственици на дуќани за облека им наложија на куклите од излозите да им ги отсечат главите, тврдејќи дека се спротивни на исламот.

Сопствениците на овие дуќани се обидоа на Талибанците да им објаснат дека целите кукли со глави не го кршат исламот зошто не претставуваат „идоли“ туку само ги користат за изложување на облеката која ја продаваат, но не им успеа тоа.

Падна наредба за тој акт па покраинскиот директор во министерството за поттикнување на вредности и спречување на пороци Азис ул Рахман за агенцијата ДПА потврди во вторникот дека главите ќе летнат.

Дуќаните кои продаваат облека се фатија за пили и почнаа да ги сечат главите на куклите, согласно наредбата.

-Потрошивме меѓу 80 и 120 долари за секоја кукла. Може да ги видите истите во продавници во сите мислимански земји, вели еден сопственик кој додава дека уште во понеделникот околу 20 отсто од дуќаните ја спровеле наредбата.

Министерството за поттикнување доблести и спречување на пороци, кое е одговорна за спроведувување на талибанската интерпретација на исламот, нареди уште минатата недела да се отстранат главите од куклите како навредливи за исламот, а во спротивно, прекршителите ќе се соочат со казни.

Талибанците досега воведоа низа рестрикции во јавниот живот. Па така на возачите им е забрането да пуштаат музика во возилата и да не примаат патнички кои не носат хиџаб.

Повеќето средни училишта за девојчиња се затворени откако талибанците минатата година ја презедоа власта во Авганистан. Поголем дел од жените не можеа да се вратат на работа, додека мажите задолжително мора да пуштат брада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот