ВИДЕО: Осасуна ја прекина победничката серија на Рајо и Димитриевски

Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано) одигра уште еден цел меч во „Ла Лига“/Памплона, Шпанија/2 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Фудбалерите на Осасуна го совладаа на својот стадион Рајо Ваљекано со резултат 1:0, во осмото коло од шпанската „Ла Лига“.

Во првото полувреме најдобрата шанса за Осасуна ја имаше Кике Гарсија, кој се прошета низ одбраната на гостите, но неговиот шут го запре македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. По првите 45 минути мируваа мрежите (0:0).

Осасуна имаше поголема иницијата во вториот дел, создаваше шанси, Мартинез во 71 минута беше блокиран во казнетиот простор на Рајо во чии редови Фалкао денеска немаше свој ден, претходно беше заменет во 57 минута од мечот.

За момент помислија сите дека овој натпревар ќе заврши без голови, но во судиското надополнување Санчез стрелаше за четврта победа оваа сезона на Осасуна и моментно петто место на табелата со 14 бодови.

На шестата позиција е Рајо кој до овој дуел имаше три победи по ред и остана на 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот