ВИДЕО: Одличен старт за македонскиот шампион Ѓорче Петров во Европскиот куп

Македонските шампионки убедливо го елиминираа исландскиот Ка Пор/фото: facebook/Ѓорче Петров - ЖРК

Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров – ЖРК успеа да ја прескокне првата пречка и се пласираше во третото коло на Европскиот куп.

На реваншот од второто коло во Европскиот куп во Исланд екипата на Ѓорче Петров славеше убедливо со 34:23 над Ка Пор.

По првите 30 минути ѓорчепетровки имаат предност од осум голови разлика (16:8). Најефикасна во победата на нашиот претставник беше Ризоска со 10 голови, шест имаше Николиќ. На спротивната страна седум погодоци беа дело на Балиара Соареш, а шест запиша Јонсдотир.

На првиот натпревар кој исто така се играше на теренот на противникот резултатот беше 20:20.

Жрепката за третото коло во Европскиот куп ќе се одржи на 17 октомври во Виена, Австрија.

Европски куп: ЖРК Металург пред невозможна мисија, ПАОК со „плус“ девет доаѓа во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот