ВИДЕО | Објавени првите снимки од индиските работници кои 9 дена се заробени во тунел

Тунел Индија / Фото EPA-EFE/ABHYUDAYA KONTALA

За прв пат откако се урна тунелот во северната индиска држава Утараханд
, беа снимени работниците заробени во тунелот. Веќе девет дена во тунелот се заробени 41 работник.

Видеото е снимено со помош на ендоскопска камера која била поставена во цевката која ја праќаат до тунелот, пишува Би-Би-Си. Спасувачите користеле и цевка за да им го дадат на работниците првиот топол оброк по девет дена.

Работниците до сега се прехрануваа со грицки кои се праќаа преку потесна туба. Тунелот во изградба се урна утрото на 12 ноември по лизгање на земјиштето. Набргу потоа бил воспоставен контакт со затрупаните работници и оттогаш им се обезбедува кислород, храна и вода.

Спасувачите синоќа успеаја да протуркаат цевка со дијаметар од околу 15 сантиметри низ остатоците во внатрешноста на тунелот. Тие поставиле мала камера прикачена на флексибилен кабел во цевката и ја користеле за да ги снимаат заробените мажи.

На видеото објавено на интернет, може да се видат спасувачите како гледаат снимка на компјутерски екран надвор од тунелот. Еден спасувач бара од мажите да се појават пред камерата и да се насмевнат. На видеото се гледа како работниците одговараат на инструкциите. Спасувачите им рекле дека наскоро ќе бидат спасени и побарале да се легитимираат пред камера.

Судејќи според видеото, комуникацијата меѓу затрупаните работници и спасувачите се одвивала преку воки-токи. На видеото се гледа дека многу работници носат заштитни шлемови и јакни. Спасувачот им рекол на работниците дека цевката наскоро ќе биде исчистена, по што ќе им биде испратена вода.

Новата цевка е поширока од цевката со дијаметар од 10 сантиметри, која спасувачите ја вметнале во тунелот неколку часа по уривањето на делот. Цевката е многу тесна, па досега на работниците можеа да им се даваат само одредени грицки, како суво овошје. Цевката се користела и за снабдување со кислород до нив.

Спасувачите во видеото рекоа дека новата, поширока цевка ќе им помогне на работниците да им снабдат повеќе кислород, храна и други неопходни работи, како што се лекови, мобилни телефони и полначи. Спасувачите со помош на цевката им го доставиле првиот зготвен оброк по девет дена.

Спасувачите планираат да ископаат дупка доволно широка за да постави цевка од 900 мм, која работниците би можеле да ја искористат за да извлечат од тунелот. Сепак, спасувачите вчера соопштија дека се обидуваат да ископаат уште два тунели до главниот, како дополнителни спасувачки рути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот