ВИДЕО: Новите мерки повторно ги поделија граѓаните

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ коронавирус ковид-19
Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граѓаните повторно со поделени мислења и ставови. Откако беа соопштени новите мерки за заштита од ширење на коронавирус, кои предвидуваат ограничување на движењето на невакинираните од Ковид-19, речиси и да нема човек во градот кој што не ја дискутира забраната за посета на угостителски објекти, семинари, кина, театри…

И додека едни ја поздравуваат оваа одлука, други остро ја критикуваат, велејќи дека со тоа се кршат човековите права, па дури се оди до таму, што се споредува со некегашното сепарирање на народот, кога во Европа владееле нацистите.

Екипа на „Слободен печат“ денеска излезе на терен со цел  да го слушне мислењето на граѓаните, и истото да го пренесе до читателите.

-Добро е што се донесоа овие мерки, можеби требаше и порано, вакцините се многу важни за да се заштитеме од вирусот, рече  еден повозрасен скопјанец кого кого го среетнавме во Старата скопска чаршија. Друг пак  вели: „Кога немаше вакцини сите се бунеа зошто нема,  сега кога има  не сакаат да се вакцинираат“.

Но, за разлика од нив има и такви кои се револтирани од донесувањето на оваа мерка.

-За да одам на работа, ќе треба да се вакцинирам, тоа е живот со поставуање на услови, тоа ниту една власт не смее да си го дозволи, рече друг наш сограѓанин.

Реакција стигна и од Независната угостителска комора. Од таму велат дека оваа мерка оваа мерка ќе значи жигосување на невакцинираните и упад во личните податоци на граѓаните, и  прашуваат дали и на кој начин угостителите ќе ги идентификуваат странските гости и дипломатите и како ќе утврдуваат дали тие се ваквинирани?

Од Минисстерството за здравсто велат дека Делта сојт на СарсКов2  ја прави вакцинацијата уште поважна, што значи дека мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично.

– Ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот. Данска, Австрија и Унгарија беа меѓу првите земји кои во март оваа година воведоа здравствени сертификати, кои во Австрија се сè уште неопходни за посета на ресторани, хотели и спортски центри. Вакви мерки се актуелни и во Португалија и Ирска, додека во Луксембург се построги и вакциналниот сертификат е задолжителен и при влез во маркетите, објаснуваат од МЗ.

Приложувањето на сертификат за вакцинација во затворените угостителски објекти минатиот месец стапи на сила и во соседна Грција, со цел во туристичката сезона да се заштитат домашните работници, но и големиот број странски туристи кои влегуваат во земјата.

Според одлуката на Владата на Италија, пак, за престој во затворени простории, граѓаните е неопходно да приложат документ за вакцинација за примена барем една доза, доказ за имунизација по природен пат, односно прележување на вирусот или негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа.

Од МЗ потенцираат дека за да нема повторно воведување  полициски час, мора  што повеќе граѓани да се вакцинираат.

– Делта сојт на СарсКов2  ја прави вакцинацијата уште поважна, оттука мора да се вакцинираат што поголем број граѓани како би се избегнало повторно затворање, полициски час и слично. Граѓаните мора да покажат висока дисциплина, да се вакцинираат, за да се заштитат самите себе, семејствата, децата, пријателите, колегите на работа. Мерките кои ќе стапат на сила ги најавуваме, ние не сме единствена земја која ќе воведе мерки, многу по рестриктивни мерки веќе се применуваат во земјите од регионот, Европа и светот, велат од Министерството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот