ВИДЕО | Нова спасувачка акција во Авганистан: Деветгодишно момче падна во бунар длабок 25 метри

Заглавено дете во бунар во Авганистан/ Фото: Твитер

Во селото Шокак, во провинцијата Забул во Авганистан, спасувачите веќе три дена се обидуваат да го извлечат деветгодишниот Хајдар кој паднал во бунар

Момчето се заглавило на длабочина од 10 метри, додека вкупната длабочина на бунарот е 25 метри.

Според извештаите на светските медиуми, итните служби се на терен и обезбедено е се што е потребно за негово спасување. Градежните машини моментално ја копаат земјата за да стигнат до Хајдар.

На социјалните мрежи кружи видео од момче кое изгледа како да може да ги движи рацете и горниот дел од телото. На момчето му доставиле храна и вода, а тој наводно успеал да јаде.

Добро ли си синко? Зборувај со мене и не плачи, работиме да те спасиме“, рекол таткото на момчето. „Во ред, ќе продолжам да зборувам“, одговорило момчето, пренесуваат медиумите.

Веста за момчето од Авганистан ги потсети сите на трагедијата во Мароко, кога петгодишниот Рајан на почетокот на месецот падна во бунар длабок 32 метри. И покрај херојските напори на спасувачите кои со денови копаа за да стигнат до него, момчето, за жал, не преживеа.

Тажен крај на голготата во Мароко: Почина петгодишното момче Рајан, кое падна во бунар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот