Фото: Valeriy Shustov / Sputnik / Profimedia

ВИДЕО | Нова година со Тито и Јованка: Магијата на Сараево на дочекот на 1963 година

Новогодишните прослави во поранешна Југославија биле значајни настани, особено кога на нив учествувале претседателот Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка. Иако Тито најчесто ја дочекувал Новата година во Белград, една од позначајните прослави се одржала во Сараево при дочекот на 1963 година, пишува „Н1“.

На таа прослава, Тито и Јованка биле опкружени со истакнати личности од политиката, уметноста и културата. Програмата била внимателно организирана, со настапи на познати уметници – Тереза Кесовија, Арсен Дедиќ и Миро Унгар, додека оркестарот на Југословенската народна армија се грижел за музичката подлога. Познатата хумористка Нела Ержишник ги забавувала присутните со својот комичен настап.

Протоколот за ваквите настани бил детално испланиран, вклучувајќи ја листата на гости, распоредот на седење, настапите и менито. Прославите биле свечени, што се гледа и по изборот на облека, но и забавни, со реквизити како картонски шапки и капи, па дури и каубојски и мексикански шапки, кои Тито особено ги сакал.

Интересно е да се спомене дека Новата година во поранешна Југославија била прогласена за државен празник во 1955 година. Наместо Дедо Мраз, централна фигура требала да биде девојка во народна носија – симбол на оптимизмот и новата иднина. Сепак, со развојот на потрошувачкото општество и западните културни влијанија, Дедо Мраз со време станал главна фигура на прославите.

Овие ретки снимки од прославата во Сараево во 1963 година ни овозможуваат да ѕирнеме во еден период кога заедништвото и свеченоста биле во центарот на општествениот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот