ВИДЕО: Нов шок за Анадолу Ефес, што се случува со европскиот шампион?

Анадолу Ефес, шампионот во Евролига сезонава реди само порази/Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Актуелниот шампион во Евролигата од минатата сезона Анадолу Ефес има лош старт годинава со три максимални порази.

Во рамките од третото коло загубија Турците и од екипата на Лион-Вилбербан со резултат 75:73.

За Французите најефикасен беше Американецот Џонс со 16 поени, а на спротивната страна Србинот Мициќ доминираше со 24 поени.

Освен Лион, и Олимпиа Милано дојде до третата победа остварена пред своите навивачи против Макаби Тел Авив (83:72).

За Италијанците доминораше американскиот интернационалец Хол со 17 поени, а два коша помалку забележа неговиот сонародник Вилијамс во редовире на изралскиот тим.

И во другите мечеви славеа домаќините: Уникс Казан – Баерн 73:70, ЦСКА Москва – Зенит Петерсбург 77:67, Алба Берлин – Фенербахче 84:70 и Баскониа – Панатинаикос 81:79.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот