ВИДЕО | Невреме во Италија: Торнадо ја зафати Катанија

Торнадо / Фото: Принтскрин

Невреме со пороен дожд и град ја погоди денеска Катанија, на Сицилија, а градските власти објавија на Фејсбук дека ги погодило „торнадо”.

Локалните медиуми известија дека неколку луѓе се повредени, но никој не е пренесен в болница.

Оштетени се неколку куќи, искорнати се дрвја, а некои патишта се затворени. Четири авиони кои требале да слетаат морале да бидат пренасочени кон други аеродроми.

Италија оваа недела беше погодена од бури, па во Лигурија по обилните дождови вчера и денеска, реките се излеаја. Мал мост се урнал, а спасувачите мораа да евакуираат 10 семејства, објавија италијанските медиуми.
Врнежите од дожд во Савона вчера беа најобилните во историјата, предизвикувајќи свлечишта и поплави. Во прекин беше патниот и железничкиот сообраќај.
Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот