ВИДЕО | Неверојатни снимки од земјотресот во Таџикистан: Бебе спасено од под урнатините, висококатници се нишаат, луѓе панично бегаат

Фото: Твитер

Се појавија неверојатни снимки од земјотресот кој утринава го погоди Таџикистан со магнитуда од околу 7,2 степени според Рихтер.

На видео снимка се гледа големо разрушување на објектите од силниот потрес, но и спасувачка акција во која едно бебе и извлечено од под урнатините .

На друго видео се гледаат големите инфраструктурни штети од земјотресот.

Видео снимка покажува како голема количина на земја се спушта од еден рид по силниот потрес.

Висококатници се нишаат, луѓето во канцеларии се држат за мебелот,а на улиците голема паника.

Потресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина. Земјотресот го почувствувале во Кашгар и Артукс во западниот дел на регионот Ксинџијанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот