ВИДЕО: Нетси немоќни без Харден, Ирвинг и Дурент против Јута

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Доцна синоќа во НБА лигата Јута со резултат 118:88 убедливо славеше против Бруклин кој настапи без главните играчи Џејмс Харден, Кевин Дурент и Кајри Ирвинг. Првите двајца ги немаше поради повреда, а третиот не беше во тимот од лични причини.

На паркетот во дресот на „џезерите“ блескаше Донован Мичел со 27 поени, седум скока и шест асистенции.

По 18 коша имаа Богдановиќ и Конли, три помалку запиша Нианг, додека на спротивната страна Ализ Џонсон беше најефикасен со 23 поени.

Јута огромен дел од работата заврши веќе во првата четвртина која ја доби со 18:17 и до крајот на средбата немаше никакви дилеми околу победникот.

Во Источната конференција Нетси се на третата позиција (30-15), додека Јута е првопласирана на Западот (32-11).

НБА, резултати –

Индијана – Детроит 116:111
Милвоки – Бостон 121:119
Торонто – Денвер 135:111
Чикаго – Кливленд 94:103
Хјустон – Шарлот 97:122
Минесота – Далас 108:128
Орландо – Феникс 112:111
Сан Антонио – ЛА Клиперс 101:134
Сакраменто – Атланта 110:108
Јута – Бруклин 118:88

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот