ВИДЕО: Навивач во Италија удри новинарка по задник во програма во живо

Итлаијанската новинарка доживеа непријатност пред камерите/ принтскрин/јутјуб

По натпреварот помеѓу Емполи и Фиорентина кој се играше вчера вечерта, се случи инцидент во програма во живо кој ја крена Италија на нозе.

Новинарката Грета Бекалја доживеа непројатност кога еден навивач ја удри по задникот и тоа додека се јавуваше во живо на ТВ за да ги подели впечатоците од натреварот. Таа сакаше да ги интервјуира навивачите на Емполи и Фиорентина, но еден од нив ја удри по задникот.

Грета беше шокирана од срамниот потег на навивачот, но веднаш му прокоментира дека не е во ред неговиот потег. Уште една непријатност за новинарката беше тоа што никој не застана во нејзина одбрана, дури и дел од навивачите кои поминуваа покрај неа делуваа агресивно.
Следниот навивач кој Грета се обиде да го интеврјуира покажа среден прст во камерата.

Скандалот ја крена Италија на нозе и новинарите веднаш застанаа во одбрана на Грета Беталја кои сметаат дека потегот на навивачите претставува сексуално насилство над жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот