ВИДЕО | Наставник физички малтретира ученичка во Грција, учениците му го превртеле автомобилот

Грчко полициско возило / Фото: МИА

Тежок инцидент е снимен во Грција каде наставник малтретирал девојка пред очите на многу ученици.

Следното видео е снимено во Грција, каде наставник физички напаѓа ученик во училница. Прототема пишува дека на видеото се гледа како наставникот ја напаѓа ученичката, додека нејзините соученици брзаат да ја спречат.

Наставникот ја удира ученичката по лицето, ја влече за коса и ја фрла на земја. По настанот, револтирани од неприфатливото движење на наставникот, учениците се групирале и му го искршиле и превртиле автомобилот на наставникот. Грчките медиуми јавуваат дека овој наставник е уапсен по тешкиот инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот