ВИДЕО: Најубедлива победа на Црвена звезда сезонава во Евролигата

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда вечерва во Белград го совладаа тимот на Монако со резултат 92:68 (23:15, 31:21, 18:14, 20:18) во натпреварот од 19 коло на Евролигата.

Најефикасен во српскиот состав беше Петрушев со 21 поен, додека Митровиќ имаше 15.

Кај Французите единствено двоцифрен беше Џејмс кој постигна 26 поени.

Црвена звезда сега има биланс од 10 победи и девет порази, додека Монако оствари 12 триумфи и седум порази.

Се одигра уште еден меч, Фенербахче на домашен терен со 79:71 славеше над Баерн. За Фенер Мотли забележа учинок од 22 коша и 17 скокови, додека за Баерн доминираше Рубит со 21 кош.

На табелата турскиот клуб е третопласиран (12-7), додека германската екипа е на 14 позиција (7-12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот