ВИДЕО: Најголемата железничка несреќа во Југославија: „Дајте ми барем еден палец, него да го погребам“

принтскрин/Youtube

На 30 август 1974 година девет вагони од меѓународниот воз од Атина биле поставени на железничката станица во Белград, подготвени да тргнат преку Загреб до Дортмунд.

Август – последни денови од распустот, последни денови од летото – оние кои работеле во странство се враќале на својата работа, а на членовите на нивното смеејство кои им мавтале и им праќале бакнежи од перонот ништо не им навестувало дека тој кобен 30 август ќе го памтат како ден на најголема трагедија.

принтскрин/Youtube

Страшната вест стигнала вечерта во 22.33 минути. На перонот во Загреб влегла само локомотивата. Тој ден се случила најголемата катастрофа во историјата на југословенските железници, несреќа каква што итните служби дотогаш не доживеале.

Можеби десетина минути пред несреќата излегов од купето да ги протегнам нозете во ходникот. Таму најдов сопатник со кој запаливме цигара. Одеднаш нашиот вагон стана како брод и почна силно да се лула. Се прегрнавме за да не паднеме. Тогаш започна пеколот. Од купето, во кое бевме седуммина се слушна врисок. Конечно сѐ застана и почна да нѐ гуши дим. Вратата од купето не можеше да се отвори па го скршивме стаклото и влеговме. Ѝ пријдов на мојата сопруга Драгица и почнав да ја извлекувам. На мој ужас не видов знаци на живот. Мислев дека е онесвестена, но за жал беше мртва. Седев покрај нејзиното тело и дури тогаш сфатив дека е распарчена. Веќе немав сила да им помогнам на другите“, раскажал еден од патниците.

Телата биле насекаде, на пругата, на остатоците од вагоните, а потоа и по ходниците во болниците. Со денови ги собирале во лимени кофи, се обидувале да ги идентификуваат, барем да ги пребројат…

принтскрин/Youtube

На крајот ги броеле само стапалата и изброиле најмалку 155 мртви.

Иако возот патувал од Атина, најголем број од патниците биле од Белград и од околината. Забуната била уште поголема бидејќи два воза тргнале за Загреб во временско растојание од половина час. А тогаш до информации не било лесно да се дојде. Затоа следниот ден на местото на несреќата се собрале повеќе од 300 луѓе кои дошле само со едно прашање, дали нивните блиски се меѓу жртвите.

Ги разбирам луѓето кои постојано прашуваат: „Најдете го брат ми. Најдете ми ја жената…“ Сакаат и да ги видат починатите. Мислат дека тие ќе можат да ги препознаат. Тоа воопшто не доаѓа предвид. Починатите се до таа мера сменети што и нам ни е тешко да се снаоѓаме, а не некој друг да ги препознае – зборувал еден лекар пред телевизиските камери.

Загинале повеќе од 150 луѓе. Некои никогаш не се идентификувани и положени се во заедничката гробница на Мирогуј. Повеќе од сто биле повредени.

принтскрин/Youtube

Лекарите велеле дека телата буквално биле сомелени. Требало да ги раздвојат, да ги идентидфикуваат и на крај да ги предадат на семејството да ги погребе.

„Дајте ми барем само еден палец, него да го погребам“, ги прераскажувал плачните молби во документарниот филм на „HRT“ еден од сведоците на несреќата.

Една жена со ќерката дошла со такси од Белград за да ја дознаат судбината на сопругот и татко – кондуктерот, кој дома се вратил во ковчег.

Се зборувало дека еден маж, со женска чанта во рацете околу раката излегол од „вагонот на смртта“, а потоа со недели лутал наоколу чекајќи да го добие телото од својата сакана.

принтскрин/Youtube

За несреќата биле обвинети машиновозачите, кои преживеале. Истражителите немале исто мислење дали несреќата ја предизвикало дејство на алкохол или едноставно заспале, но најверојатна причина била дека биле исцрпени. Машиновозачот и неговиот асистент тој месец поминале 300 часа работа, а пред несреќата без одмор работеле 51 час. Не е исклучено дека возот поради слабата инфраструктура доцнел и затоа машиновозачот со поголема брзина сакал да влезе на загребскиот перон на време. Возот влетал во свртницата со двојно поголема брзина од дозволената и железата се распаднале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот