ВИДЕО | Моментот кога лавови побегнаа од зоолошка во Сиднеј

Лавови/ Фото: Albert Gallant / Alamy / Profimedia

Зоолошката градина Таронга во Сиднеј објави видео на кое се гледа како пет лавови побегнале од својот кафез, објави „Гардијан“. Петте лава може да се видат како со канџите најпрво ја оштетуваат оградата пред да побегнат.

Бегството на почетокот на ноември предизвика затварање на зоолошката градина со издадено предупредување „код еден“. Персоналот и посетителите барале засолниште додека лавовите не биле вратени во нивното заградено место.

На снимката објавена во четвртокот се гледа како лавовите се држат блиску до оградата откако избегале – додека лавицата останала во заградениот простор.

Како што наведуваат до зоолошката, животните останале мирни пред да се обидат сами да се вратат, без да направат некаква штета.

„Петте лава мирно истражуваа на неколку метри од нивниот кафез, пред да се обидат да го најдат патот назад под оградата додека лавицата и чуварите почнаа да ги повикуваат“, соопштија од зоолошката.

Полицијата на Нов Јужен Велс беше повикана во зоолошката градина на 2 ноември како мерка на претпазливост откако лавовите избегаа.

Бегството на животните е ретко во Таронга, но чуварите наводно се подготвени за такви настани со план за акција што вклучува пиштоли и мрежи за анестезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот