ВИДЕО | Мојсоски: Очекувам петтиот пакет мерки да биде донесен на 23 март

Иако имаше предлог од претседателот на Собранието за онлајн седници сепак не најдовме заеднички јазик со опозицијата, ни се натрупаа околу 2.000 амандмани и потоа овој закон беше повлечен. Во моментов имаме некои почетни преговори во процесот „Жан Моне“.

На 23 март закажана е седница на која треба да се разгледа законот за носење на петтиот пакет мерки за економска помош и мислам дека ќе најдеме некој заеднички јазик, според информациите со кои располагам во редовите на А/АА има расположение да се даде поддршка. Во однос на блокадите на Собранието со илјадници амандмани и бојкотирањето на носењето и блокирањето на околу 130 закони сметам дека местото на секој пратеник е во Собранието каде треба да се дискутира, да се дебатира за да се донесат подобри закони што ќе бидат применети во подобро функционирање на самата држава вели пратеникот од ЛДП, Боби Мојсоски.

Целиот разговор каде Моjсоски говори и за иницијативите поврзани со изборниот процес во Северна Македонија погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот