ВИДЕО | Мојсовски: Моја заложба е масовно враќање на младите на улиците и во спортските арени

Пет атлетски стази на отворено ни се во програмата за капитални инвестиции за 2020. Дом за секоја федерација би било одлично. „Партизан“ во Карпош ќе биде реобновен и тоа ние го правиме како АМС и ние го доделуваме на општината. Тоа веќе станува општинска просторија која го дава на клуб или федерација. На сите федерации ќе бидат поделени објекти и се што ќе остане, а е значајно за самиот град се дели на општинските управи, изјави во Утрински брифинг директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски.

-Како Агенција ги помагаме сите федерации па и ФФМ. За моја среќа директор сум 6 месеци, се случи пласман на фудбалерите на ЕП, ракометарите се стандардни на ЕП, одбојкарите и кошаркарите се тука, поедничените спортови се креваат и имаме едно помасовно учество на Олимписките игри. Пласманот на фудбалерите е историски и е поддржано од цела Македонија. Секој прв настап на големо натпреварување е тешко, вели Мојсовски.

-Капиталните инвестиции ни се приоритет. Почнати се шест пливачки базени, ќе објавиме нови четири. Ќе се реобнови големиот струшки базен и почнауваме да градиме интензивно. 99% од салите не се греат, работиме и на тоа поле. Самата пандемија покажа колку е важно спортувањето во младите години. Покажа дека поактивните со спорт короната ја прележаа на нога. Децата се затворија дома, моја заложба ќе биде масовно враќање на младите на улиците и во спортските арени. Да се врати оној спортски дух кој некогаш го имавме, додава Мојсовски.

Целиот разговор со првиот човек на АМС, Наумче Мојсовски, погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот