ВИДЕО | Меган Маркл и принцот Хари исмејани во популарната анимирана серија „Family Guy“

Фото: Принтскрин / Тикток

Принцот Хари и Меган Маркл повторно се мета на исмејување и тоа овој пат од популарната анимирана серија „Family Guy“ на „Фокс“, пишува „Фоксњус“.

Во епизодата што се емитуваше во неделата вечерта, познатиот пар е претставен како „срамежливи измамници“.

Главниот лик Питер Грифин (синхорнизиран од Сет Мекфарлејн, креаторот на серијата) е прикажан како седи во бар со пријателите, размислувајќи како да си ги врати парите што му ги должат, па се шегува дека „ќе оди сам, исто како Меган Маркл и принцот Хари“.

Сцената потоа се префрлува на цртаните верзии на Хари и Меган како лежат покрај базен, додека батлер се приближува со плико.

Батлерот вели: „Господине, вашите милиони од Нетфликс за… никој не знае за што“.

Ликот на принц Хари одмавнува со раката, велејќи: „Стави ги со останатите“.

Во меѓувреме, ликот на Меган Маркл ги проверува известувањата за нејзиниот мобилен телефон и му вели на својот сопруг: „Душо, време е да ја направиме нашата дневна објава на Инстаграм спонзорирана со 250.000 долари за Дел Тако“.

Хари гледа во далечината и вели: „Не требаше да ги оставам тие измислени глупости“.

Претставниците на анимираната серија „Family Guy“, и војводата и војводката од Сасекс сè уште не се огласиле до медиумите за коментар.

Во продолжение погледнете го видеото:

@dailymail The Duke and Duchess of Sussex have been given the ‘South Park’ treatment once again, this time by Seth McFarlane’s Family Guy. #fyp #harryandmeghan #familyguy #comedy #meghanmarkle #princeharry ♬ original sound – Daily Mail

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот