ВИДЕО | Медведев доби свирежи поради Ѓоковиќ: „Си реков, што би направил Новак“?

Даниел Медведев уште еднаш покажа голем почит спрема Новак Ѓоковиќ/Мелбурн, Австралија/26 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/DEAN LEWINS

Данил Медведев во четвртфиналето со пресврт го совлада Феликс Оже-Алијасим и за пласман во големото финале ќе игра против Стефанос Циципас.

Вториот светски рекет е на два чекори од освојување на грен слем турнирот „Австралија опен“ во Мелбурн.

Негов најголем ривал требаше да биде најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, но тој како што е веќе познато беше депортиран од земјата поради фактот дека не е вакциниран против ковид-19.

Но, Медведев има голем почит спрема Ноле, така беше и по завршувањето на мечот со Оже-Алијасим и објасни како успеа да се врати од негативата.

– Не знам дали ќе ѝ се допадне на публиката тоа што ќе го кажам, но се запрашав кога не ми одеше: „Што би направил Новак во овој момент?“ – рече Медведев во разговорот со Џим Куриер по пласманот во полуфиналето.

Различни беа реакциите на публиката за споменувањето на најдобриот играч на светот, а се слушнаа и свирежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот