ВИДЕО | Масовен собир во Бања Лука: „Не“ за НАТО, маици со ликот на Путин

Foto: Н1

Во Бања Лука, Република Српска се одржа собир под мотото „Татковината вика“ во организација на СНСД и владејачката коалиција.Собирот пред неколку дена го најави лидерот на СНСД, Милорад Додик, додавајќи дека ќе бидат донесени одредени позиции кои ќе бидат насоки, за тоа како ќе се движи политиката во наредните години, а ќе се работи и на зајакнување на субјективноста на Република Српска и враќање на надлежноста за избори на ниво на ентитет, објави Н1

Во саботата на 23 октомври беа објавени сите изборни резултати, освен за претседателот на Република Српска, чие контролно пребројување е во тек.

Уште за време на изборната ноќ, опозицијата тврдеше дека изборите биле наместени и украдени и дека треба да се повторат изборите за претседател на Република Српска. СНСД и коалиционите партнери експресно се противат на таа идеја, кои бараат што поскоро да се објават резултатите за претседател на Република Српска „бидејќи Милорад Додик е победник“.

На главниот транспарент, кој го носеа лидерите и другите учесници на митингот, пишува „Нека победи Српска“, а на останатите стојат пораките „Милорад Додик наш претседател“, „Да ја браниме вистината“,

Во колоната имаше и познати личности од јавниот, културниот, политичкиот и општествениот живот во Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот