ВИДЕО: Масакр во Јужна Африка, 14 луѓе убиени во кафеана

Фото: Јутјуб/принтскрин

Во пукање во бар во Совето, предградие на Јоханесбург, Јужна Африка, загинаа 14 луѓе, а тројца се во критична состојба, извести полицијата.

Според полициското соопштение, се истражуваат извештаите дека група мажи пристигнале со минибус и отвориле оган врз гостите во барот синоќа, пренесува агенцијата АП.

Тројца тешко повредени, во критична состојба, се пренесени во болница.

„Бројот на куршуми пронајдени на местото на настанот укажува на тоа дека група луѓе пукале во гостите“, рече полицискиот комесар на провинцијата Гаутенг, Елиас Мавела.

Тој додаде дека во моментов ги немаат сите детали за тоа кој би бил мотивот за пукањето.

„Можете да видите дека било употребено огнено оружје со висок калибар и дека било пукано по случаен избор, и дека секој од тие луѓе се мачел да излезе од барот“, изјави Мавела за АП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот