ВИДЕО | Масакар во ЛГБТ клуб во Колорадо: Напаѓач усмрти 5 лица а 18 се ранети

Напад на ЛГБТ клуб во Колорадо, САД/ Youtube принтскрин

Во САД имало престрелка во која загинале 5 лица, а 18 се ранети, јавуваат американските медиуми. Пукањето се случило во геј клуб во Колорадо Спрингс, во американската сојузна држава Колорадо. Тоа е Клубот Кју, а напаѓачот е уапсен, потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро. Таа како што пренесуваат американските медиуми не појаснила дали осомничениот е меѓу повредените во престрелката.

Мотивот се уште не е познат. Нападот го објавија и на Фејсбук страницата на клубот.

„Тажни сме поради овој напад врз нашата заедница. Нашите молитви и мисли се со сите жртви и нивните семејства и пријатели. Им благодариме на брзите реакции на нашите посетители кои го совладаа напаѓачот и ставија крај на овој напад од омраза“, соопштија тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот