ВИДЕО: Лидс едвај до бод, не го отпишувајте Тотенхем од шампионската трка

Фантастичен старт на Тотенхем во Премиер лигата, „три од три“/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

И во својот трет натпревар сезонава во Премиер лигата Лидс не може да дојде до триумф, клуб кој лани додека настапуваше македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски блескаше и имаше одлични резултати.

Денеска играчите на Марсело Биелса само ремизираа 1:1 на гостувањето кај Барнли, а до бод стигнаа пред самиот финиш на средбата.

Домаќините водеа од 61 минута со погодокот на Вуд, а во 86 минута Бамфорд успеа да го спаси својот клуб од пораз.

Тотенхем продолжува без грешка во елитата, овојпат пред своите навивачи со 1:0 триумфираше над Ватфорд.

Стрелец на единствениот гол беше јужнокорејскиот интернационалец Сон Хјунг Мин од слободен удар во 42 минута, во својот јубилеен 200 настап за својот клуб.

На табелата води Тотенхем со девет бодови пред Вест Хем, Челси, Ливерпул и Евертон кои имаат по седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот