ВИДЕО: Лидерите дискутираа отворено, но не донесоа заеднички заклучоци, рече Ковачевски по средбата

Фото: Фејсбук

По четири часа, заврши лидерската средба за која премиерот Димитар Ковачевски рече дека поминала во отворена дискусија, но без конкретни заеднички заклучоци.

Премиерот рече дека ги информирал лидерите за евроинтеграцискиот процес, но и за енергетската состојба во земјата, за законите од областа на правото што треба да бидат донесени, како и за Буџетот за 2023 година. Понудил и заклучоци што би произлегле до средбата со кои побарал парламентарните партии зачленувањето во ЕУ да се смета за надпартиски интерес и сите чинители треба да дадат целосна поддршка. Но, Ковачевски додаде дека сепак нема заеднички заклучоци кои би произлегле од средбата.

Премиерот изрази задоволство што сите претседатели на парламентарни партии, освен двајца, присуствувале на средбата.

-Сите политички партии ги кажаа своите ставови, а дел од нив се познати во јавноста. Клучно е дека седнавме на маса да разговараме за овие прашања, рече Ковачевски.

На средбата, која се одржа на покана на премиерот и претседател на СДСМ, присуствуваа и лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на ДОМ, Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на Алтернатива, Африм Гаши, на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на ДПА, Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, на ВМРО-НП, Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на НСДП, Горан Мисовски, на ГРОМ, Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, на ЛДП, Моника Зајкова, како и лидерот на Партијата на пензионерите, Илија Николовски.

На средбата претходно одбија да присуствуваат лидерите на Левица, Димитар Апасиев, и на Беса, Биљал Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот