ВИДЕО | Легендите на Реал Мадрид и Порто играа на „Бернабеу“: Касиљас ја покажа класата и на 42 години

Фото: Real Madrid C.F.

Легендите на Реал Мадрид и Порто денеска на „Сантијаго Бернабеу“ одиграа хуманитаен натпревар во кој на крајот гостите славеа победа од 0:1.

Трибините на култниот стадион беа преполни и натпреварот се играше пред 80.000 гледачи, еден билет чинеше седум евра. Навистина беше убаво повторно на теренот да се видат легенди како Зинедин Зидан, Луис Фиго, Карлос Бутрагењео, Раул, Сидорф…

Икер Касиљас бидејќи во кариерата бранеше и за двата тима, едно полувреме го чуваше голот на Реал Мадрид, а едно на Порто. Иако поради здравствени проблеми пред неколку години ја заврши кариерата, денес и на 42 години Касиљас со една супер одбрана покажа дека класата е вечна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот