ВИДЕО: Лазаров и на 41 година дели атракции во Лига Европа

кирил лазаров
Кирил Лазаров („Нант“) запиша три голови против Бенфика/Фото: hbcnantes.com

Екипата на Нант загуби минимално на гостувањето во Португалија од Бенфика со 31:30, но и покрај поразот Французите обезбедија пласман во осминафиналето на Лига Европа.

На овој меч од групата „Б“ за гостите македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров трипати се запиша во листата на стрелците.

Вреди да се одвои еден од тие погодоци, „цепелинот“ дело на нашиот десен бек кој блеска и на 41 година на ракометните терени.

Во осминафиналната фаза Нант ќе ги одмери силите против германскиот гигант Фуксе Берлин.

На видео записот можете да го погледнете „цепелинот“ на Лазаров, а асистент беше Ајмерик Мин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот