ВИДЕО: Кунде е новиот играч на Барса, исполнета желбата на Чави

Жул Кунде настапува за репрезентацијата на Франција/Фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Барселона и официјално ја информираше јавноста дека нејзин нов играч е Жул Оливие Кунде кој доаѓа од редовите на Севиља. Останува во следниот период фудбалерот да ги помине задолжителните лекарски прегледи и потоа биде потпишан договорот.

Како што објави „Мундо Депортиво“, фиксниот дел од надоместот за Кунде изнесува околу 50.000.000 евра, додека останатите 10.000.000 доаѓаат како бонус. Ова се приближно бројките кои се споменуваа во претходните денови. Што се однесува до платата, исто така, нема големи разлики. На годишно ниво Кунде ќе инкасира 6.000.000 евра, а шпанскиот клуб со даноците ќе треба за пет години да издвои точно 62.500.000 евра. Или 12.500.000 по сезона.

Станува збор за еден многу брз дефанзивец, добро ја движи топката. Добро се снаоѓа францускиот централен бек во ситуациите „еден на еден“. Започна во младинските категории на Бордо, а за првиот тим дебитираше на 19 години во Купот на Франција против Гранвиј.

Преку тој клуб се промовираше во еден од најветувачките централни дефанзивци во Франција и ширум Европа. Севиља за неговите услуги плати 25 милиони евра, што беше најскапото засилување за андалузискиот клуб во тој период.

Успеа да ја освои титулата во Лига Европа, а дојде и до место во репрезентацијата на Франција за Европското првентво минатото лето. Исто така беше дел од составот на „триколорите“ во освојувањето на УЕФА Лигата на нации откако во финалето ја совладаа Шпанија.

Исполнета е една од најголемите желби на Чави, во одбраната се наоѓаат уште Роналд Араухо, Ерик Гарсија, Жерар Пике, Андреас Кристенсен…Со ова купување Барса ја мина бројката од 150.000.000 исплатени како обештетување летово. Претходно беа купени Роберт Левандовски и Рафиња, а како слободни играчи потпишаа Кристенсен и Кеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот