ВИДЕО | Крвава драма во Сандански: Мајка си ги закла децата на возраст од 3 и 5 години

Грозоморно двојно убиство ја потресе вечерва Бугарија. Мајка си ги закла своите две деца во домот во Сандански, информираат бугарските медиуми. Децата биле на возраст од 3 и 5 години.

Индицентот се случил денеска во 17.30 часот по локално време.

Во полицијата за двојното убиството на братот и сестрата, се задржани таткото и  мајката на жртвите. За случајот е покрената истрага, а медиумите неофицијално дознаваат дека двојката се разведувала.

Мајката долго време била без работа, а пред кратко време почнала да работи како благајник во училиште. Наводно таа долго време била жртва на семејно насилство од сопругот кој работел како шумар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот