ВИДЕО: „Кралот“ Џејмс казнет поради прославата на кошот

Леброн Џејмс после постигната тројка против Индијана имаше „непримерен гест“/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Од почетокот на оваа сезона во НБА лигата, Леброн Џејмс, ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс многу почесто се наоѓа во разни скандали.

Еден дел од натпреварите „кралот“ ги пропушти поради повреда, а во дуелите каде што беше на паркетот чести беше магнет за разни инциденти.

Сега Џејмс доби парична казна од 15.000 американски долари бидејќи еден од кошевите, поточно неговата тројка ја прослави со „непримерен гест“, а воедно доби и опомена од страна на првите луѓе на НБА поради интервјуто после натпреварот.

Имено на тој меч две лица од првиот ред на трибините постојано го провоцирале Џејмс, по што тој побарал од судијата да ги отстрани од салата, што беше и направено. Наводно постојано ги навредувале Леброн и неговиот син Брони, а потоа едно од тие лица претера со својот коментар: „Сакам утре син ти да умре во сообраќајна несреќа“.

Џејмс на почетокот на сезоната додека стоеше на страна додека изведуваше слободни фрлања, со лакт го удри играчот на Детроит Стјуарт, му ја искрши аркадата, по што Стјуарт побара продолжување на физичката пресметка, но беше спречен во тоа од соиграчите и луѓето од неговиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот