ВИДЕО: „Кралот“ Џејмс за прв пат суспендиран во НБА кариерата

Играчот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс суспендиран поради удирање со лакт на мечот со Детроит/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, членот на Лос Анџелес лејкерс е суспендиран и нема да игра на еден натпревар.

Популарниот „Крал“ влезе во физички судир со Ајзеа Стјуарт во мечот помеѓу екипите на Лејкерси и Детроит пистонс. Џејмс беше исклучен бидејќи со лакт го удри Стјуарт и тоа беше причина за прв суспензија на играчот на „езерџиите“ во неговата кариера.

Играчот на Детроит е суспендиран на два меча кој сакаше со сета сила физички да се пресмета со ривалот. Агресивно се однесуваше Стјуарт на паркетот и мораше да се интервенира да се спречи поголем инцидент.

Информациите велат дека Џејмс побарал телефонски број од младиот центар да му се извини и дека неговиот удар со лакт не бил со намера.

Моментно Детроит е на 14 позиција во Источната конференција (4-12), додека ЛА Лејкерс на деветтото место на Западот (9-9).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот