ВИДЕО | Колев: Не гледам ништо спорно ако некој во Македонија се декларира како македонски Бугарин

Петар Колев ГДУ/ Фото: Утрински брифинг
Што и да каже човек во ваква ситуација може да биде протолкувано како шега. Се покажа дека се ова што се случува е леб и циркуз на нашата политичка сцена. Ние работиме, подготовуваме кандидати и листи, така што ќе учествуваме на локалните избори, изјави во Утрински брифинг Петар Колев, претседател на ГДУ.
Говрејќи за претстојниот попис, Колев вели дека после 20 години редно е да се стигне до една ваква статистичка операција, која треба да даде јасна и прецизна информација како се развива државата. -Пописот е важен не само да се преброиме околу етничките заедници, туку важен е и за претстојните, евентуални странски инвестиции, вели Колев. -Јас како човек секогаш сум верувал во индивидуалните човекови права. На овој попис секој граѓанин треба да се изјасни онака како што мисли. Не гледам ништо спорно ако некој во Македонија се декларира како македонски Бугарин. Прво треба да сфатиме дека граѓани кои живеат во Македонија, на пример македонски Бугари не се претставници на софиската влада, туку се наши сограѓани. За среќа или за несреќа и македонските Бугари исто така се разочарани што не успеваме да се реши прашањето со Бугарија и нејзиното вето за преговори со ЕУ, смета Колев.
-Тешко е во време на затегнати односи да се направи реална анализа на македонско-бугарските односи. Сметам дека повикот на Захариева малку да се обидеме да ги смириме емоциите е интересна идеја која може да изроди нешто позитивно. Но таму се ближат избори и ќе видиме што ќе се случи по нив. Засега никој таму не излегол со став кој е поразличен од официјалниот став на тамошната владата, вели Колев. Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот