ВИДЕО: Капитенот на Крајова во стилот на Зидан го удри Ашковски

Капитенот на Крајова Никушор Силвиу Банку доби црвен картон/Фото: Youtube/Принтскрин/Prima Sport

Во рамките од полуфиналето во Купот на Романија екипата на Сепси триумфираше со 0:1 на гостувањето кај Унив. Крајова.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски настапи од 80 минута како замена за Стефанеску.

Домаќините со сите сили атакуваа по израмнување, кај нив владееше нервоза, еден од нив ги загуби нервите во еден дуел со Ашковски.

Во тек беше 86 минута, капитенот на Крајова Никушор Силвиу Банку во стилот на Зинедин Зидан (од СП 2006) со глава удри во телото на Ашковски кој падна на теренот и воедно со топка го удри нашиот играч директно во глава.

Играчите од двете екипи мораа да ја смируваат ситуацијата, Банку поради неговиот потег доби црвен картон и предвреме го напушти теренот.

Сепси во романското куп финале на 19 мај во Букурешт ќе ги одмери силите против Волунтари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот